Охрид, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со уште четири фудбалери, Охрид Лихнидос го затвори ростерот и стави точка во зимскиот преоден рок.
Во охридското јато се вратија Стефан Петрушески и Љупчо Илијески, а нови имиња во клубот се Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски. Пред три дена беше официјализирана соработката и со Роберт Митев.
Пред стартот на пролетниот дел од натпреварите во Втората лига, охридските фудбалери имаат уште една контрола, в сабота против Велешта.
Новата полусезона на крајот на месецов „рибарите“ ќе ја започнат со дуелот против Кораб. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос
Прочитано: 14