јануари 15, 2021

Скопје/Вевчани, 15. јануари 2021 (ОХИДПРЕС) – Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно, од политички причини сакаа инцидент и сензационалност, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со интервенцијата на полицијата поради непочитување на задолжителните мерки за заштита од COVID-19 на Вевчанскиот карневал.

Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ нагласува дека договорите „кои ги постигнале во вевчанци, не се испочитувале“. Министерот апелира да се почитуваат мерките и на тој начин да им се помогне на здравствениот систем и на медицинските работници.

– Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките, потенцира Спасовски.

Инаку, завчера и покрај откажувањата на дел од организаторите на карневалот, стотина василичари од Вевчани, под карневалски маски, се обидоа да го одржат карневалското дефиле, по што интервенираше полицијата. Дел од вевчанци обвинија дека некој сака да ја уништи вековната василичарска традиција. (Крај)

извор: МТВ/Опсервер фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука