април 17, 2021

Охрид, 17. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се вршат поготовки за нејзино ставање во функција на регионален центар за вакцинација, по примерот на салата „Борис Трајковски” во Скопје.

За таа намена салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, исчистени се капацитетите, а откажани се и сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи. Ќе се изврши и дезинфекција на целиот објект, како и на влезовите и паркинг-просторот пред салата.

Според најавите, од понеделник треба да пристигнат и параваните за физичко одвојување на лицата при вакцинацијата, а за секоја непречено одвивање на процесот на вакцинација на населението СРЦ „Билјанини извори” има нарачано и нов агрегат за електрична енергија.

Според последните информации, во Центарот за јавно здравје во Охрид веќе е пристигната и ладилната комора за чување на вакцините.

Во спортската сала во Охрид како регионален центар за вакцинација ќе се спроведува масовна имунизација на населението од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. (Крај)

извор: Канал 5 фото: Канал 5

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука