април 22, 2021

Струга/Скопје, 22. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавни обвинители на денешната седница со девет гласови „за“ го избра Стојанчо Арнаудоски за Основен јавен обвинител на ОЈО Струга.

Арнаудоски е јавен обвинител во ОЈО Охрид од 2011 година па сé до денес и има стаж од 9 години како јавен обвинител.

– На огласот објавен на 1-ви октомври се јавиле тројца кандидати: Џемал Лога, Благоја Даскалоски и Стојанчо Арнаудоски. Комисија од три члена ги разгледа кандидатурите. Сите доставиле потребни документи и сите имаат непрекинат работен стаж од најмалку шест години, согалсно Закон за Јавно обвинителство, објаснија од Советот.

За другите двајца кандидати, Лога и Даскалоски, гласаа двајца односно четворица членови на Советот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука