Струга, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе убоди од нож, стружанец вечерва ја убил својата пет години помлада партнерка, а потоа се обидел да се самоубие.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба.
– Во 19:15 часот пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С.Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј.Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница во Струга, изјави Димоски.
Брачниот пар имал и малолетни деца. Полицијата, додаде, работи на расчистување на случајот. (Крај)
извор: Вечер фото: архива