февруари 19, 2021

Струга, 19. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 64-годишниот Ј.М. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

– Пријавениот, на 31-ви јануари 2021 година предизвикал вербална расправија со 50-годишниот М.К. од Струга, упатувајќи му закани, по што се обидел да го повреди со дрвен предмет, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука