април 11, 2021

Скопје/Струмица, 11. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев, чие име го споменуваат од ВМРО-ДПМНЕ поврзано со заплената на марихуаната во вредност од 800.000 евра, на профил на социјалната мрежа Facebook на кој стои неговото име, наведува дека изнесените работи од опозициската партија не се точни.

– Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, се наведува во објавата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Facebook Trajce Zaev

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука