јануари 25, 2021

Скопје/Охрид, 25. јанаури 2021 (ОХРИДПРЕС) – Средба со владини претставници или протест. Денеска истекуваат 5 дена кои угостителите и ги додадоа на владата да ги усвои нивните барања.

Неофицијално, добиле ветување дека ќе имаат состанок со вицепремирот Битиќ, кој чекаат да се официјализира. За да постои оваа  дејност, бараат продолжување на мерката исплата на минимална плата

Без разлика на листата барања која ја имаме доставено до Владата, нашето најосновно барање е да продолжи поддршката со исплата на минималаната плата од јануари до март, изјави Здравки  Јосифовски, Независна угостителска Комора

Владата им го продложи работното време  до 21:00 часот. Но, угостители и натаму се  незадоволни. Бараат да работат до 23:00 часот. Сега не бележеле зголемен промет, бидејќи гостите им останале исти – само покасно доаѓале.  Епидемиолозите пак – сугерираат – да се издржи уште неколку месеци,  мерките за угостителите да останат непроменети.

– Додека не дојде вакцината и за да се спречи евенитално овој мутиран вирус, кој веќе е регистриран во Србија препорачува сите мерки да си останат вака како што се, угостителите да работат до 21:00 часот , ќе издржиме уште 2-3 месеци, па  после ќе седиме на тераса до 24:00 часот, изјави еподемиологот Никола Пановски.

Минатаа година поради затворените капацитети загубите во оваа индустрија надминаа 22 милиони евра. Вработени  биле 35.000, но поради кризата 5,000 добиле отказ. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука