Охрид, 5. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти мај 2021 година, околу 15:30 часот нарушен е јавниот ред и мир на улицата „Партизанска“ во Охрид.
– Регистриран е физички напад со тврд предмет извршен од страна на 32-годишниот А.М. врз 63-годишниот П.А., двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 11