Скопје, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели, беше заклучено на редовниот утрински состанок на министерот за здравство д-р Венко Филипче со директорите на ковид центрите.
– Разговаравме за состојбата низ болниците во текот на изминатиот викенд. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат. Апелирам за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива