април 16, 2021

Скопје, 16. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје.

Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, вели Филипче.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои стојат, седнати луѓе и внатре

Дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20-ти април, со затворени угостителски објекти и полициски час од 20:00 часот ќе се знае следната недела. Вчера Филипче изјави дека основен параметар како и досега ќе биде заштита на јавното здравје, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука