април 22, 2021

Скопје, 22. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела, врз основа на бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период, ќе се носи одлуката дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Потенцира дека иако состојбата се стабилизира, мора да останеме максимално претпазливи.

– Оваа недела ќе ја анализираме епидемиолошката состојба и трендовите по што ќе одлучиме дали и какви мерки ќе има за време на празниците. Граѓаните максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно да се внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик, рече Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука