Струга, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Автобус на компанијата „Башким Турс“ од Гостивар, кој сообраќал од Струга кон Германија се запали рано утрово и изгоре во близина на Граничниот премин Walserberg, јави порталот StrugaLajm.
Со брза реакција на надлежните служби е избегната поголема трагедија. Со возилото се превезувале 50-тина патници, кои не се повредени во инцидентот.
Возилото изгорело комплетно, заедно со дел од багажот, а сите патници биле навремено згрижени. (Крај)
извор: StrugaLajm фото: StrugaLajm
Прочитано: 24