март 31, 2018

Охрид, 31. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – АВ Охрид со победа на гости кај Карпош Соколи од 90:99, си обезбеди билет за кошаркарското суперлигашко натпреварување.

По 22 одирани натпревари пласманот на табелата ги одлучи шесте патници во Супер лигата кои ќе се борат за место во Плејофот и шампионската титула, како и шесте патници во Плејаут лигата кои ќе се борат за опстанок во елитата.

Во Суперлигата ќе играат Работнички, Блокотехна, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар и АВ Охрид, додека за опстанок ќе се борат Фени Индустри, Кожув, Пелистер, Шкупи, Карпош Соколи и Струмица.

По Суперлигата, најдобрите четири екипи ќе продолжат во плеј-офот каде ќе разигруваат за титула.

Во првото коло кошаркарите на АВ Охрид за противник го добија Работнички. Натпреварот ќе се одигра утре во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука