април 2, 2018

Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на најтрофејниот тим, Работнички, го совладаа АВ Охрид во првото коло од Супер лигата.

На домашен терен „галебите“ беа совладани со резултат 55:85. Гостите речиси во текот на целиот натпревар ја имаа контрилата на играта.

avohridrabotnicki2

Кај АВ Охрид, единствен кошаркар со двоцифрен учинок беше Рос Кенет со 21 поен.

Во следното суперлигашко коло кое се игра на 4-ти април, Работнички ќе го пречека Гостивар, додека АВ Охрид ќе му гостува на Куманово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АВ Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука