Кавадарци, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид не се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.
Во салата „Јасмин“ во Кавадарци тие беа совладани од гевгеличаните Блокотехна, кои важеа за фаворити, со резултат 110-88.
Најефикасен во нашиот состав беше Мартин Јунаковиќ кој постигна 37 поени.
– Реално беа фаворити во овој натпревар, но не знаев дека ќе отвориме на ваков лош начин. Каскавме првата четвртина, во другите игравме порамноправно, но е успеавме да се вратиме во играта. На крај играчите започнаа сами индивидуално да креираат акции, не ни беше стратегијата да се оди преку еден играч, но тоа нив им беше решението при толку голема разлика, рече по средбата тренерот Петар Чочороски.
Денес ќе се одиграат полуфиналните мечеви меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје и Работнички и Куманово. И во женска конкуренција на програмата се полуфиналните дуели. Ќе се сретнат Вардар со Пелистер додека Бадел 1862 ќе се надигрува со Струга 2009. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: fb