Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Сплит го победи АВ Охрид на домашен терен, во рамки на 19-то коло од втората АБА лига.
Хрватите славеа со резултат 76-108. Ова беше уште еден пораз во низа за охридските кошаркари, додека за гостите од Хрватска четврта победа во последните пет натпревари.
Најпрецизен во нашиот состав беше Рос Кенет со 30 поени, Војче Лефковски постигна 10 погодоци, а капитенот Антонио Донески 8.
Охридските кошаркари во следното коло гостуваат кај Босна Ројал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АБА 2 лига
Прочитано: 39