Охрид, 1. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид повторно претрпеа пораз на гостувањето во Словенија, во рамки на 16-то коло од Вторта АБА лига.
Со резултат 102-76 беа совладани од тимот на Рогашка. Домаќините по првите десет минути од натпреварот имаа предност од 11 коша, а пред почетокот на последната четвртина нивната предност се зголеми на 25 поени.
Јунаковиќ со 25 и Зимиќ со 17 беа најзабележителни поединци во охридскиот состав. Со победата над АВ Охрид, Рогашка официјално се врати во трката за место на Final Four турнирот.
Со исклучок на една службена победа, охридските кошаркари ги загубија сите натпревари во АБА-2 лигата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АБА 2 лига
Прочитано: 41