март 30, 2018

Охрид, 30. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид гостуваат кај тимот на Карпош Соколи, во рамки на Првата македонска кошаркарска лига.

Исходот од денешната средба го очекуваат и кошаркарите на Фени индустри, кои претходно ја поразија Блокотехна. Доколку победи Карпош Соколи, Фени „патува“ во Супер лигата.

Со победа пак на АВ Охрид, нашите кошаркари ќе бидат на шестата позиција и стануваат суперлигаши. Тоа ќе биде за прв пат по формирањето, охридскиот клуб да влезе во првата „шесторка”. Натпреварот е со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука