Охрид, 28. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид со уште еден пораз го завшија деби настапот во Втората АБА лига.
На гостувањето во Словенија беа поразени од Сикст Приморска со 92-54. Победата на домаќините уште од почетокот не беше доведена во прашање.
Со победата словенците стасаа до третата позиција на табелата, со што ја зголемија довербата пред учеството на Фајнл фор турнирот во Чачак.
Охридските кошаркари пак, регуларниот дел го завршуваат последни на табелата, со само една службена победа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АБА 2 лига
Прочитано: 37