април 11, 2018

Охрид, 11. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на третото коло од Супер лигата, кошаркарите на АВ Охрид денеска на домашен терен ќе ги одмерат силите со тимот на Блокотехна.

По победата над Куманово и одморот, нашите кошаркари со поголеми амбиции влегуваат во овој меч.

Тимот на Блокотехна моментално е на втората позиција на табелата, со 42 поени, исто колку и МЗТ Скопје.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18: 00 часот.

Во останатите средби, МЗТ Скопје го пречекува Гостивар, а Куманово досега непоразениот Работнички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука