ноември 10, 2017

Цирих, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – ФИФА и „Адидас“ ја покажаа топката со која најдобрите фудбалери на светот ќе се борат на Светското првенство во Русија и според најавите се работи за ретро-дизајн кој наликува на топките од 1970-тите.

Дизајнот е (нормално) помалку ретро – налик на топките на „Адидас“ од раните 1970-ти, посебно топката „Телстар“ користена во 1970 и 1974, пред да биде заменета со „Танго“ во 1978 година.

„Имав среќа да ја ‘запознаам’ топката малку порано од другите. Ми се допаѓа сè – дизајнот, боите…“, вели Лионел Меси.

Името на оригиналната „Телстар“ доаѓа од статусот на „ѕвезда на телевизијата“. Тоа беше прва топка која беше декорирана со црни панели (за добро да се гледа на црно-белите ТВ приемници), и го смени фудбалскиот дизајн засекогаш.

Оваа верзија на „Телстар“ е малку посовремена – внатре има НФЦ чип, кој дозволува поврзување со смартфон. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука