декември 25, 2017

Оукленд, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викторија Азаренка нема да настапи на претстојниот АЦБ класик, кој на почетокот на јануари треба да се одржи во Оукленд.

Белорусинката се надеваше дека ќе се врати на турнирот во Оукленд, но поради незавршениот судски процес околу старателството врз нејзиниот син, таа го откажа своето учество. Нејзиното отсуство го потврди и директорот на турнирот, Карл Буџ.

„Изгледа деа сè уште има семејни проблеми и како резултат на тоа нема да биде дел од нашиот турнир. Минува низ тежок период, бидејќи напорно работеше, а нема да биде дел од турнирот. Тешко е и за нас, бидејќи со нетрпение го очекувавме нејзиното враќање на теренот“, изјави Буџ.

Турнирот во Оукленд започнува на 1 јануари, а најзвучните тенисерки, кои ќе настапат на него се Каролина Возњацки и Агњешка Радванска. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука