септември 8, 2022

Струга, 8. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатата вечер, 7-ми/8-ми септември 2022 година, во периодот од 01:20 до 05:00 часот спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во Струга.

Акцијата ја изведоа полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга.

При контролата затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет – боксирач за што ќе следува и соодветна пријава. Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки. Притоа затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари. (Крај)

извор: МВР фото/видео: МВР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука