октомври 4, 2022

Охрид, 4. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, во периодот од 06:00 до 10:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава.

– При контролата, санкционирани се 76 возачи, од кои еден за вршење јавен превоз без лиценца по член 284 – а од Кривичниот законик. Исклучени од сообраќај се 12 возила кои вршеле јавен превоз на патници, од кои пет на територија на СВР Охрид, пет на територија на СВР Велес, и по едно возило на територија на СВР Куманово и СВР Штип, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука