март 27, 2018

Охрид, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците на вода од снабдителниот систем со кој стопанисуваат, дека е во тек акција на контрола на водомерните броила.

– При тоа, од страна на нашите служби е воочена разлика која произлегува од нелегално манипулирање со истите. Се предупредуваат сите корисници, кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (нема или е оштетена пломба, оштетен е механизам и слично), дека против нив ќе бидат покренати судски постапки и дека истото подлежи на кривична одговорност. Кај ваквите случаи ќе се фактурира паушал во висина од 50 м3, се` до комплетното отстранување на недостатокот, информираат од МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука