Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од бројните активности за чистење на Охрид во пресрет на туристичката сезона, во недела, на 13-ти мај, членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид ќе одржат акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
– 1,2 милијарди луѓе во светот немаат пристап до здрава вода за пиење. Охридското Езеро е најголем басен на питка вода во Југоисточна Европа. Покажете ја вашата љубов и грижа за Охридското Езеро. Без вода нема живот, порачуваат од клубот.
Акцијата е поддржана од Општина Охрид и ќе започне во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42