Миес, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот репрезентативец и кошаркар на Химки, Алексеј Швед е прогласен за МВП во Еврокупот за сезоната 2016/2017 со просек од 22,1 поени, 4 скокови и 5 асистенции по натпревар.
Во пресрет на финалната серија помеѓу шпанските тимови Уникаха и Валенсија во второто според квалитет натпреварување во кошаркска Европа, Еврокупот, кошаркарите и експертите ги избраа најдобрите.
Покрај Швед во идеалната петорка се најдоа и Куртис Џерелс (Хапоел Ерусалим), Марди Колинс (Локомотив Кубан), Дејан Мусли (Уникаха) и Бојан Дубљевиќ (Валенсија).
Првиот натпревар од финалната серија, во Еврокупот, ќе се одигра денеска во Валенсија, каде ќе гостува Уникаха. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19