Анбар, 16. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Американски воен хеликоптер со седум војници се урнал во провинцијата Анбар, на западот од Ирак, соопштија американски официјални лица.
Според информациите, засега нема индикации дека кон хеликоптерот било стрелано со оружје. Военото летало се користело за пребарување и се урнало додека се префрлало на нова локација.
Централната команда на САД издаде кратко соопштение во кое се наведува дека спасувачки екипи излегле на местото на несреќата и дека ќе биде покрената истрага за причините за падот на хеликоптерот. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 25