Брисел, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата „Амнести интернешнал“ оценува дека договорот меѓу Европската унија и Турција за бегалците е катастрофа.
Организацијата ги повика светските лидери да не го земаат овој договор како модел за слични договори.
Според „Амнести интернешнал“ всушност тој договор е причината поради која илјадници лица се „напуштени“ на грчките острови. „Амнести интернешнал“ ги опишува условите за живот во камповите како „очајни“, наведувајќи дека на тие места луѓето се пренатрупани, нема топла вода, недоволна хигиена, храната е лоша, а здравствените услуги не се на потребното ниво. (Крај)
извор: BTA фото: архива
Прочитано: 21