АМСМ: Внимателно кон Скопје, слаб снег на планинскиот превој Стража
декември 5, 2024

Охрид, 5. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Слаб снег провејува во Попова Шапка, како и на планинскиот превој Стража и на Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила:

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово-Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец село Лисец-Попова Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци).

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука