Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и на планинските премини Стража, Маврово, Буково и Ѓавато, информираат од АМСМ.
Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.
На патниот правец А2 Струга – граничен премин „Ќафасан“, на потегот од бензинската пумпа „КМР“ до м.в. Добра Вода кај селото Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива