АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
ноември 29, 2024

Скопје, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради обилни врнежи од снег, од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 60м. на планинскиот превој Плетвар,од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Пресека, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука