Охрид, 15. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Слаб снег провејува на Попова Шапка и „Стража“, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива