јули 6, 2018

Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи изложба на подводни фотографии во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Изложбата требаше да се одржи на 21-ви јуни, на Денот на Охридското езеро, но поради временските неприлики беше одложена.

Нуркачите од „Амфора“ информираат дека имаат направено повеќе подводни фотографии, но во оваа прилика ќе бидат изложени 30 најубави фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро. Фотографиите се дела на нуркачите Милутин Секулоски и Јован Секлулоски.

Изложбата ќе започне во 11:00 часот и ќе биде на отворено. Сите љубители на подводниот свет и туристи во Охрид ќе имаат одлична можност да уживаат во скриените убавини на Охридското езеро. Подводните фотографии ќе бидат достапни за посетителите само неколку часа по отворањето на изложбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука