Киев, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Украинскиот фудбалер и рекордер по бројот на настапи за својата фудбалска репрезентација, Анатолиј Тимошчук, одлучи да ја заврши својата кариера.
Тој за репрезентацијата на Украина одигра 144 мечеви, а во 37-та година од животот одлучи дека треба да се прости од активното играње фудбал.Тимошчук својата кариерата ја започна во Волин, потоа се пресели во Шахтјор Доњецк, а играше и во рускиот Зенит.
Врвот на кариерата му е трансферот во германскиот Баерн Минхен, а во доцните фудбалски години играше и за Каират од Казахстан. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 34