Ливерпул, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се заинтересирани за играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврдат англиските медиуми.
Фудбалските гиганти од Англија подолго време ги следат игрите на српскиот интернационалец и сакаат следното лето да го доведат во своите редови.За него интерес има и од италијанските гиганти, Јувентус и Милан, но претседателот на Лацио преферира да го продаде во Премиер лигата.
Неговата цена на трансфер пазарот изнесува околу 30 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за англиските клубови. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 54