Џенова , 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Џенова реши да му врачи отказ на тренерот Иван Јуриќ по серијата слаби резултати на оваа екипа.
Џенова вчера беше поразена од „фенерџијата“ Пескара со убедливи 5-0, по што дел од навивачите уште на полувреме го напуштија стадионот, а дел незадоволни го пречекаа тимот при враќањето назад во Џенова и го напднаа автобусот со кој се превезуваа фудбалерите.
За нов тренер на Џенова назначен е Андреа Мандорлини, кој ја доби довербата на раководството на клубот пред Еди Реја и Андреа Страмачони. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20