Торино, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот шампион Јувентус го обнови интересот за португалскиот репрезентативец Андре Гомеш, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров.
Јувентус и во летниот преоден рок во 2016 година се обиде да го реализира трансферот на Андре Гомеш, но тој тогаш се реши за Барселона, која понуди повеќе пари.
Сепак, Португалецот во Барселона не одигра ниту дел од она што го играше во Валенсија поради што не е исклучена можноста клубот од „Камп Ноу“ да го продаде.
Покрај Јувентус, интерес за Андре Гомеш покажуваат и неколку екипи од Премиер лигата. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 4