Скопје, 21. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Анита Ангеловска Бежоска е избрана за нов гувернер на Народната банка на Република Македонија.
За Бежоска, која е првата жена гурернер на НБРМ, гласаа 81 пратеник во Собранието, а немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.
Бежоска е дипломиран економист, а веќе 8 години е вицегувернер во НБРМ, задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. Од 2004 до 2010 година таа била главен економист во Народната банка, а била и ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
Мандатот на гувернерот на НБРМ е седум години, а изборот на Бежоска доаѓа на ден по истекување на мандатот на претходниот гувернер Димитар Богов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28