Милано, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пишуваат дека Интер постигнал договор со Антонио Конте, од наредната сезона да се пресели на „Џузепе Меаца“ и да го преземе миланскиот клуб.
Менаџерот на Челзи ја одбил првата понуда на Интер за годишна плата од 11 милиони евра, а потоа се согласил на четиригодишен договор, во кои ќе добива 15 милиони евра годишно.
Се шпекулира дека Конте не е во добри односи со сопственикот на „сините“ Роман Абрамович, но според медиумите семејството кое останало во Италија е главна причина што тој сака да го напушти Лондон. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24