Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технололошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, денеска ќе го посетат производствениот погон на „Костал“ во Охрид.
Според најавите, Анѓушев и Младеновски ќе се сретнат со извршниот директор на Леополд Костал Каи Кникман и потпретседателот на компанијата Кристофер Сандерс. Во Охрид доаѓа и Амбасадорот на СР Германија Томас Герберих, а домаќим ќе им биде градоначалникот на Охрид, д-р КОнстантин Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 6