јануари 22, 2018

Мелбурн, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бранителот на титулата на Австралија Опен, Роџер Федерер  се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн, откако го победи Мартон Фучович после три сета, 6:4, 7:6, 6:2.

Вториот по ранг светски тенисер победи за два саати и две минути игра, три пати му го одзема сервисот на противникот, кој немаше ниту една прилика за брејк.

Федерер во 10. гејм од првиот сет направи брејк, што му беше доволно да дојде во водство на натпреварот. Во вториот сет немаше брејк, беше одигра тај-брејк, кој швејцарецот го доби со 7-3.Федерер без проблем го освои третиот сет и по 14. пат се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем турнир во сезоната.

Тој во четвртфиналето ќе игра против Томаш Бердих, кој го победи италијанецот Фабио Фоњини со 6-1, 6-4, 6-4 и по седми пат се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн.

Tenis Sandrgeren

Американецот Тенис Сандргрен приреди нова сензација на Австралија опен и е првиот тенисер во последните 20 години што успеал да се пласира во четвртфиналето, во своето прво учество на гренд-слем турнирот во Мелбурн.

Сандгрен во маратонски меч го елиминира Доминик Тим со 3:2 во сетови, откако претходно го исфрли од игра и поранешниот шампион Стен Ваврвинка. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука