Апел за помош на малата Теодора
ноември 10, 2024

Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Родителите на малата Теодора, апелираат до сите хумани лица да им помогнат за да ги соберат средствата кои се потребни за операцијата на нивната ќерка.

– Драги пријатели, роднини, познати и непознати ве молиме за помош. Нашата мала ќеркичка Теодора има голема потреба од сите вас добри и хумани луѓе. На само една година го изгуби нејзиниот слух и исто така и нејзиното нормално детство (две години по болници и рехабилитации, но безуспешно). Сега ни се потребни 27.000 евра за да може да се направи операција со Кохеларен имплант Македонска приватна болница. Ве молиме на сите кој се во можност да донираат, да го направат истото. Кој не е во можност, доволно е да ја сподели оваа објава и тоа ќе биде од голема помош. Заедно да го вратиме нејзиниот слух и безгрижно детство, стои во апелот.

Сите кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку донација на следната жиро сметка:

Зоран Петрески

дознака: Донација за Теодора Петреска

жиро сметка: 200002342823047

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука