Лондон, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Арсенал ја започна потрагата по нов голман, односно замена за ветеранот Петр Чех, кој веќе е во поодминати години.
Чешкиот голман по 10 години во Челзи во 2015 година го напушти клубот и се пресели на неколку километри од „Стемфорд Бриџ“, поточно кај лутиот ривал Арсенал.
Како прва опција се споменува Џо Харт, голманот на Сити кој моментално игра за италијански Торино како позајмен играч, а на списокот се и Фрејзер Форстер, Том Хитон и Џек Батланд. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20