Лондон, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Арсенал без поголеми проблеми се пласираа во шестото коло од ФА Купот славејќи против Мидлсборо со 2-0.
Стрелец на двата гола на „топчиите“ беше Оливие Жиру кој погоди во 27-та и во 29-та минута од мечот.
Претходно екипата на Брадфорд елиминира уште еден Премиерлигаш, овој пат го победи Сандерленд на свој терен со 2-0.
Домаќинска победа во ФА Купот постигна и Астон Вила која со 2-1 ја победи екипата на Лестер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 6