Битола, 30. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Одговорен на обезбедувањето во РЕК-Битола, пријавил дека вчера околу 12:00 часот во РЕК-Битола-Термо, на кота 58 била пронајдена експлозивна направа.
Според информациите, се работи за артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 31