Oхрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Патувачки караван од еден од најпознатите клубови од Атина, соседна Грција, денеска, со повеќе десетици mobile homes (trailors) возила, ја запоседнаа, речиси по целата должина, сообраќајницата покрај шеталиштето на крајезерскиот кеј во Охрид.
На нивната повеќе дневна маршрута, покрај Охрид, каде ги разгледаа најзначајните споменици во старото градско јадро, беше и манастирскиот и излетнички комплекс Св. Наум.
Од Охрид ќе отпатуваат за Битола, а потоа преку граничниот премин Меџитлија и Флорина (Лерин), ќе се вратат во Атина со, како што велат, незаборавни впечатоци од Охрид и крајбрежието на езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33