Монако, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната атлетска федерација реши руските атлетичари да го пропуштат и Светското првенство во Лондон откако ја продолжи суспензијата поради допинг скандалите.
Руските спортисти од сите меѓународни натпреварувања се суспендирани во ноември 2015 година, како резултат на извештајот на Светската анти-допинг агенција за системски допинг.
Првиот човек на ИААФ, Себастијан Коу, соопштил дека суспензијата нема да биде укината пред ноември 2017 година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 33