Минхен, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Баерн Минхен за следните два натпревари во Бундеслигата нема да може да смета на голманот Мануел Нојер, кој извршил помал оперативен зафат на стапалото.
Нојер треба да се врати на теренот за првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, на 12.април во Минхен.
На претстојните два дуели против Аугсбург и Хофенхајм него ќе го замени 28-годишниот Свен Улрих. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25